Заев - Шмид: Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 е признание за политиките на соработка и дијалог
- Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 е признание за политиките на соработка и дијалог, било посочено на средбата меѓу премиерот Зоран Заев и генералната секретарка на Организа

Скопје, 22 октомври 2021 (МИА) - Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 е признание за политиките на соработка и дијалог, било посочено на средбата меѓу премиерот Зоран Заев и генералната секретарка на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) Хелга Шмид, која денеска и утре е во посета на нашата земја.
Како што соопшти владината прес-служба, на средбата на која присуствуваше и шефот на Мисијата на ОБСЕ во нашата земја, амбасадорот Клеменс Која, беше потврдена цврстата определба на Владата на Република Северна Македонија за заштита на човековите права, функционирањето на правната држава и посветеноста на продолжување на реформскиот процес, владеење на правото, подобрување на капацитетите на судскиот систем, јакнење на борбата против организираниот криминал и корупцијата и регионална стабилност и безбедност.
