• недела, 22 декември 2024

Заев: Целта на пописот е да бидат опфатени сите

Заев: Целта на пописот е да бидат опфатени сите
Скопје, 31 март 2021 (МИА) - Претседателот на Владата Зоран Заев, оствари средба со делегација на Сојузот на турски невладини организации - МАТУСИТЕБ, предводена од претседателот на Сојузот, Хустрев Емин, придружуван од Тахсин Ибрахим и проф. д-р. Сулејман Баки, на која се дискутираше за пописот на населението, домаќинствата и становите, активностите поврзани со негова реализација, како и важноста на правичната застапеност.
Претставниците на МАТУСИТЕБ, како што информираат од Владата, на средбата ја истакнале важноста на пописот и податоците кои ќе се добијат, како основа за креирање на идните политики на нашата држава. Како мрежа на повеќе од 60 невладини организации, велат оттаму, тие се залагаат за попис којшто ќе ја покаже реалната слика за населението кое живее во Северна Македонија.Во соопштението стои дека побарале рамноправна застапеност во целиот процес на подготовка на пописот којашто следи во наредниот период и информирале дека тие, како организации, продолжуваат со работа на терен, информирање на граѓаните за важноста од спроведување на пописот, и попишување на сите граѓани онака како се чувствуваат без уцени и притисоци. Премиерот Заев на средбата ја потврдил заложбата на Владата за правична застапеност на сите заедници кои живеат тука и нагласил дека целта е да се попишат сите, секој еден е важен и треба да бидеме сигурни дека на крајот на пописот ќе ја имаме реалната слика. Тој се осврнал и на богатството на нашата држава кое се состои од големиот број на етнички заедници, а турскиот народ, според него, е мостот кој не поврзува со Турција. ар/вј

Остани поврзан