• сабота, 29 јуни 2024

Заев: Сашко Николов е новиот градоначалник на Штип

Заев: Сашко Николов е новиот градоначалник на Штип
Штип, 13 декември 2020 (МИА) - Доктор Сашко Николов е новиот градоначалник на  Штип. Срцето на македонскиот Исток останува во сигурни раце, рече премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев обраќајќи се вечерва во Штип по денешните предвремени парламентарни избори за градоначалник. Имавме, оцени Заев, успешен победнички ден, на фер, слободни, демократски и најважно од се, безбедни  избори за здравјето. Вечерва победи Штип и желбата да продолжи развојот. Се заблагодари на штипјани што, како што рече, покажале чувство и свест за својот град и општина да продолжи да се развива. -Граѓаните на Штип денеска испратија порака и до бојкотирачот, блокирачот кој  повторно избега од својот народ. Граѓаните го казнија неодговорното однесување на раководството  на ВМРО-ДПМНЕ кон Штип и центарот на македонскиот исток. Кажаа да за напредокот на Штип, да  - за грижа  одговорност и  стабилност, не  за блокадите, за бојкотот, за лаги стравови ихистерии. Не дозволува овој  наш народ блокади, кочења и уништувања, рече Заев. Николов, исто така, изрази благодарност што во време на пандемија, како што рече, Штип и штипјани покажале демократија општествена одговорност и дека ќе продолжи по европскиот пат.вдј/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан