• петок, 22 ноември 2024

Заев: Импресивни се достигнувањата во главниот град, во Шилегов граѓаните препознаваат одговорен градоначалник

Заев: Импресивни се достигнувањата во главниот град, во Шилегов граѓаните препознаваат одговорен градоначалник
Скопје, 28 септември 2021 (МИА) - Импресивни се достигнувањата во главниот град, особено во делот на инфраструктурата, новите булевари и мостови, реконструирани улици и сообраќајници. Упорноста, храброста и визијата на Петре Шилегов се причината што Скопје денес има модерен, европски лик, и е на вистинскиот правец напред кон иднината, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот караван „Најдоброто за мојата општина" на СДСМ, што се одржа во паркот Ибни Пајко. -Тоа е Петре, секогаш одлучен и бескомпромисен кога станува збор за неговиот град и неговите сограѓани, пример за успешен градоначалник, вистински татко на градот, рече Заев во своето обраќање. Според Заев, Шилегов е фаворит затоа што граѓаните во него препознаваат одговорен, стабилен и посветен градоначалник, кој не калкулира со својот рејтинг кога носи решенија за градот. Како што рече, на овие избори го нудат Петре како најдобра понуда, а но како најдобара понуда нудат и 45 имиња на советничката листа. -Петре е најдоброто што му треба на Скопје - главниот град на 30-та земја членка на НАТО, главниот град на државата, чија Влада е најтранспарентна во регионот, главниот град на најбезбедната земја на Западен Балкан. Овој наш град не заслужува ништо помалку од најдоброто, и убеден сум дека на 17 октомври Скопје ќе го избере најдоброто, за да продолжи развојот на цело Скопје подеднакво, додаде Заев. Тој напомена дека во овие 4 години со посветена и напорна работа ја развивале државата на меѓународен план, а општините на домашен план. Како што посочи, се она што е постигнато е најдоброто за државата и за општините. -Државата наша ја вративме на исправниот пат. Ставивме крај на режимот, а направивме позитивна трансформација на институциите, кои денес работат во служба на граѓаните. На локално ниво ставивме крај на локалните шерифи. Општините ги отворивме и им ги вративме на граѓаните, и силно инвестиравме во нивниот развој, рече Заев. Тој посочи дека како никогаш до сега не се инвестирало толку многу во проекти важни за локалниот развој, важни за граѓаните, како што тоа го прават централната и локалната власт заедно во овие изминати четири години. -Ги исполнивме ветувањата, додека решававме суштински огромни државни проблеми. Додека ја одлучувавме нашата европска иднина, реализиравме над 7 илјади проекти во сите општини, проекти кои што секојдневно го менуваат животот на граѓаните на подобро. Преку 2 илјади од нив се тука во градот Скопје и скопските општини и затоа ќе победиме, рече Заев. Тој напомена дека во овие четири години Скопје го врати својот автентичен дух на урбаното космополитското, духот на солидарноста и меѓусебното почитување. -Оваа советничка листа на чело со др. Софија Пејкова исто како и Петре ќе работи уште повеќе посветено и одлучно во реализација на проектите зацртани во програмата, во реализација на најдоброто за Скопје. И затоа на 17 октомври граѓаните ке застанат зад Петре и советничка листа, за да го задржиме континуитетот кој гарантира нови инвестици и развој на градот, рече Заев.бт/мс/

   

Остани поврзан