• недела, 22 декември 2024

Заев во посета на летниот камп на СДСМ „Трајче Нешкоски“

Заев во посета на летниот камп на СДСМ „Трајче Нешкоски“
Скопје, 2 јули 2021 
СДСМ и СДММ заедно градат политики што водат напред, што носат развој и со прави треба да сме горди на тоа што сме државотворна партија, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на летниот камп „Трајче Нешкоски“ во организација на СДММ.
„Овде доаѓам од Преспа форум дијалог, еден од најважните настани што некогаш го органзирала наша држава и тоа е доказ за позитивната трансформација што СДСМ како предводник на Владата во овие четири години. Нас како партија отсекогаш не врзувале две работи. Првата дека сме државотоворна партија, а втората дека сме партија постојано посветена на евроатлантските интеграции. Ја остваривме една од двете стратешки цели - станавме членка на НАТО како Македонци со заштитен идентитет, сега останува реализацијата на втората - членството во ЕУ. И покрај неразумнит блокади од Бугарија, ние не се откажуваме од ЕУ, од европските вредности и стандарди кои носат придобивки за сите, а особено за вас младите“ порача Заев.
Осврнувајќи се на младинските политики, претседателот Заев најави дека се прават подготовки веќе од септември да започне голем проект кој ќе понуди работни ангажмани за сите млади лица во државата.
„Ги имаме направено сите анализи, сите проекции за веќе од септември да започнеме со еден масовен проект, Сите млади на работа, Тоа може и ќе стане реалност, ќе понудиме можност за трајни вработувања, за тренизни и волонтерства кои ќе бидат соодветно платени а се со цел да ја намалиме младинската невработеност, но и младите што порано да стекнат работен ангажман“ посочи Заев.
Зборувајќи за претстојните локални избори, Заев истакна дека СДСМ и на овие избори е фаворит, но сепак таа победа треба да се изработи, а истовремено даде поддршка за што поголема застапеност на младите на листите за советници и за што повеќе млади кандидати и кандидатки за градоначалници.
„Јас сум на ваша страна секогаш кога се зборува за поголема застапеност на младите во партијата, но треба и вие да се борите, да бидете гласни, за да го добиете тоа што го барате. Убеден сум и знам дека вие и на овие избори ќе бидете првите на терен, ќе дадете се од себе и дека пак вие ќе ја донесете победата. Почитувана социјалдемократска младино, сакам и овој пат вие да ја донесете победата, затоа што ја заслужувате иднината тука, во вашата држава“ заклучи Заев.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан