Загина пешак кај кочанското село Тркање
- Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава во 07:50 часот загина пешак на региоанлниот пат Штип-Кочани во близина на селото Тркање.
![Загина пешак кај кочанското село Тркање](https://mia.mk/images/20240921101045_big_730x400_80.webp )
Штип, 21 септември 2024 (МИА) - Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава во 07:50 часот загина пешак на региоанлниот пат Штип-Кочани во близина на селото Тркање.
Од СВР Штип во изјава за МИА информираат дека собраќајот се пренасочува по експресниот пат и во тек е увид од страна на истражните органи.
Повеќе детали околу несреќата се најавуваат во текот на денешниот ден. вдј/бак/
Фото: МИА архива