• сабота, 23 ноември 2024

Завршува асфалтирањето во гевгелиската населба Караорман

Завршува асфалтирањето во гевгелиската населба Караорман
Гевгелија, 19 јули 2021 (МИА) - Во атрактивната станбена населба „Караорман“ во завршна фаза е асфалтирањето на улиците „Апостол Петков“ и „Павел Шатев“, од кои едната ќе биде комплетирана денеска во должина од 400 метри, а другата утре во должина од 450 метри, информираат од Општина Гевгелија. Жителите од населбата, со асфалтирањето на улиците, речиси по една година добиваат комплетна патна и комунална инфраструктура која поточно почна да се уредува пред девет месеци за време на Општинскиот празник - 7 Ноември. - По долгогодишниот проблем со платениот комунален надоместок,а немањето на комунални услуги,населбата веќе ги исполнува сите услови за живот со обезбедена комунална и патна инфраструктура, рече градоначалникот Сашо Поцков. Тој нагласи дека претходно за уредување на комплетната комунална инфраструктура на населбата „Караорман“ биле инвестирани 9,5 милиони денари. им/фф/

Остани поврзан