• недела, 22 декември 2024

Завршуваат третата и четвртата фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“

Завршуваат третата и четвртата фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“
Скопје, 13 септември 2021 (МИА) - Општина Центар информира дека во наредните денови ќе ги заврши третата и четвртата фаза од целосната реконструкција на улицата „Орце Николов“. Двете фази, како што соопштуваат, го опфатија делот од раскрсницата со улицата „Наум Наумовски – Борче“, до првиот влез на Министерството за одбрана. Реконструкцијата на „Орце Николов“ опфаќа површина од вкупно 7.182 метри квадратни и се очекува да биде готова во јули. Целиот зафат ќе чини 64.847.608, 47 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Центар. - Во овие две фази стариот и оштетен коловоз е заменет со нов, високо-квалитетен асфалт, реконструирани се тротарите, изведени се нови велосипедски патеки и изведено е паралелно паркирање. Поставено е ново, енергетски ефикасно ЛЕД осветлување, изведена е нова водоводна и атмосферска канализација, а обновена е и топлотната мрежа, информираат од општинската прес-служба. Од Општина Центар посочуваат дека во претходните фази се реконструираа коловозните, пешачките и велосипедските површини, поставено е ново ЛЕД-осветлување и воведен е нов систем за модернизација на јавното осветлување. - Во првата и втората фаза е поставена нова атмосферска канализација и вертикална сигнализација, ослободени се јавните површини и воведен е нов кружен тек на најкритичната точка на улицата за намалување на сообраќајните незгоди на овој потег, смирување на сообраќајот и зголемување на безбедноста на улицата „Орце Николов“, велат од општината. Општина Центар информира дека со завршувањето на градежните активности на овие две фази, на крајот на септември ќе започне реконструкцијата на петтата, претпоследна фаза од реконструкцијата на улицата.фф/са/

Остани поврзан