• петок, 20 декември 2024

Завршна конференција „Уставниот суд на Република Северна Македонија: искуства и перспективи“

Завршна конференција „Уставниот суд на Република Северна Македонија: искуства и перспективи“
Скопје, 16 септември 2021 (МИА) - Во  организација на Институтот за човекови права (ИЧП) денеска ќе се одржи завршната конференција „Уставниот суд на Република Северна Македонија: искуства и перспективи“. - Конференцијата е организирана со цел да ги прикаже активностите реализирани во рамките на проектот „Уставниот суд – заштитник на владеењето на правото” како и резултатите кои произлегоа од континуираното следење на работата на Уставниот суд. Воедно, на завршната конференција ќе бидат претставени клучните наоди од Длабинската анализа „Искуствата и перспективите на Уставниот суд на Република Северна Македонија“ кои се очекува да покренат  дискусија за важни прашања, информираат од Институтот за човекови права. На настанот, соопштуваат организаторите, поканети се  судиите на Уставниот суд на РСМ и претставници на стручната служба заедно со Генералниот секретар на Судот, министерот за правда, амбасадорот на Холандија, претставници од Кабинетот на Претседателот на Републиката, Врховниот суд, Академијата за судии и јавни обвинители, професори по уставно право, поранешни уставни судии и судии на Европскиот суд за човекови права и претставници од Здружението на судии, адвокати и граѓански организации.фф/дма/

Остани поврзан