• петок, 22 ноември 2024

Заврши 34. издание на „Поетската ноќ во Велестово“

Заврши 34. издание на „Поетската ноќ во Велестово“
Скопје, 23 јули 2022 (МИА) – Три фестивалски денови на кои се одржаа повеќе поетски читања на автори од земјава и странство го одбележаа годинашното 34. издание на „Поетската ноќ во Велестово“. Манифестацијата, што се одржа викендов, започна со поетски портрет на Лидија Димковска и изложба на Никола Пијанманов. Музички настап имаше Горан Папаз, а беседа за творештвото на Димковска одржа Сашо Огненовски.

На фестивалот се одржаа повеќе поетски читања на кои учествува и поетите Ким Симонсен (Фарски Острови), Алеш Мустар (Словенија), Мањола Наси (Албанија), Селахатин Јолгиден (Турција), Валентина Бакти (Србија), како и македонските поети Диме Данов, Ана Голејшка Џикова, Зоран Јакимоски и Јулијана Величковска.

Во рамки на фестивалот се одржа и работилница за креативно пишување и иновативно интерпретирање поезија со учество на млади од Охрид и регионот, како и ученици од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, во рамки на проектот „OH READ ‒ Поетски викенд и работилница за млади од регионот“ поддржан од програмата на РЕАД (Регионална Мрежа за Културна Разновидност) и Европската Унија.

    Фестивалот беше заокружен со интернационалното поетско читање „Поезија ‒ Залез“ што на 21 август се одржа во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во село Велестово. ар/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан