• петок, 22 ноември 2024

Заврши процесот на онлајн избор на „Вешта жена“ на републичко ниво 

Заврши процесот на онлајн избор на „Вешта жена“ на републичко ниво 

Тетово, 25 мај 2021 (МИА) - Организацијата „Вешта жена“ викендов го заврши процесот на онлајн избор на највешта претставничка во подготвување храна и декорација на маса на ниво на државата. Во највисоката категорија „Вешта жена Гран при 2020/21“ првото место го поделија Весна Петроска од Битола со масата насловена „Моја Африка“  и Русанка Симјаноска Струга. Второто и третото место им припадна на Милка Бошкоска од Прилеп и Силвана Мудроња од Велес.

Во категорија „Вешта жена“ прво место освои Наташа Гулабовска Георгиевска од Битола со маса насловена „Рамка на животот“. Втора е Ленче Анакиева од Виница, а треба Моника Андова од Велес.

-Фотографиите од изработените главни јадење, десерт и декоракција на маса беа поставени на Фејсбук профилот на организацијата „Вешта жена“. Гласањето со одвиваше со ставање лајк (допаѓање) на фотографијата. Потоа бројот на лајкови се претвораше во бодови, а максимални беа 30. За Гран при се оценуваше главно јадење, десерт и масата со декорација, додека за избор на вешта жена главно јадење, погача и декорација на маса, изјави претседателката на организацијата „Вешта жена“, Снежана Стојановска.

Најдобрите натпреварувачки добија награди од спонзорите, како и пехари и медали.ас/мд/

Остани поврзан