• недела, 22 декември 2024

Заврши првата фаза од реконструкцијата на филтер станицата во село Добрашинци, Општина Василево

Заврши првата фаза од реконструкцијата на филтер станицата во село Добрашинци, Општина Василево

Струмица, 12 декември 2024 (МИА) - Заврши првата фаза од реконструкцијата на филтер станицата во село Добрашинци. За прв пат, откако постои оваа филтер станица, се врши реконструкција на истата, информираа од Општина Василево.

Реконструкцијата на оваа филтер станица опфаќа набавка, инсталација и монтажа на автоматски самочистечки филтер, апаратура за анализа на матноста на водата (процесен турбидиметар) и апаратура за анализа на PH водата, односно процесен PH метар за анализа на PH на вода.

Според договорот со компанијата изведувач на работите, вкупниот буџет изнесува 2.985.630 денари од кои 2 милиони денари се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање преку Програмата за управување со водите за 2024 година и околу 1 милион денари од буџетот на Василево. рт/дма/

Фото: Општина Василево

Остани поврзан