• понеделник, 23 декември 2024

Заврши осмото издание на „Гола месечина“

Заврши осмото издание на „Гола месечина“
Скопје, 21 септември 2021 (МИА) – Со претставата „Чудесна терапија“ на НУ „Драмски театар“ - Скопје, во режија на Димче Николовски вчеравечер заврши осмото издание на традиционалниот фестивал на комедијата „Гола месечина“. Фестивалот традиционално го организира Општина Аеродром со НУ „Театар комедија“ - Скопје. Фестивалот се одржа во Спортскиот центар „Ново Лисиче“. Покрај претставата „Чудесна терапија“, посетителите имаа можност да ги проследат и комедиите „Грдиот“ на НУ „Театар Комедија“ - Скопје, „Црвенкапа“ на НУ „Театар за деца и младинци“ - Скопје, „Мој Термин“ на НУ „Македонски народен театар“, како и „Вообразен болен“ на НУЦК „Трајко Прокопиев“ - Куманово. Поради пандемијата на коронавирусот, оваа година беа изоставени претставите од соседните земји, при што целосниот фокус беше врз македонската продукција на комедии. ки/цр

Остани поврзан