• четврток, 14 ноември 2024

Заврши изградбата на спортско игралиште во кумановското училиште „Наце Буѓони“

Заврши изградбата на спортско игралиште во кумановското училиште „Наце Буѓони“
Куманово, 11 декември 2020 (МИА) - Заврши изградбата на спортско игралиште во средното стручно училиште „Наце Буѓони“ во Куманово објави градоначалникот Максим Димитриевски. Нови игралишта треба да добијат и гимназијата „Гоце Делчев“ и средното стручно училиште „Перо Наков“. -Завршени се новите спортски игралишта за кошарка и ракомет со тартан гумирана подлога и нови спортски реквизити (кошеви и голови) во средното техничко училиште „Наце Буѓони“. Продолжуваме со изработка на монтажните трибини, објави Димитриевски. Општина Куманово гради три игралишта со еластична спортска подлога (тартан) за надворешни мултиспорт игралишта, фиксна трибина во два реда со 80 седишта, заштитна ограда и скали, комплет голови со мрежа по IHV стандарди, комплет кошеви со зглобен обрач и мрежа по FIBA стандарди. Во октомври на јавниот оглас беше избрана најдобра фирма изведувач. Од одделението за јавни набавки од општина Куманово, информираа дека вкупната вредност на договорот со вклучен данок на додадена ведност изнесува 8.835.107. 22 денари. За најповолен понудувач беше избран економскиот оператор ДЗИТПТ „ИНТЕКО Иван“ ДООЕЛ Скопје. Во гимназијата ќе се санира игралиштето со површина од 956 метри квадратни, во „Наце Буѓони“ од 1.153 и во „Перо Наков“ 989 метри квадратни површина. Надлежните од општината појаснија дека во овој период, бидејќи учениците поради пандемијата не присуствуваат на настава создадени се услови за санација и реконструкција на училишта. Претходно, на седница на советот на општина Куманово, надлежните од секторот за финансии, информираа дека училиштата кои не ги искористија средствата за превоз и од блок дотациите ќе ги користат за санација на училишта, спортски игралишта, фасади, кровни конструкции. ам/аа/

Остани поврзан