Заврши доизградба на дел од велосипедската патека Делчево-Илин Камен
- Заврши доизградба на дел од велосипедската патека Делчево-Илин Камен. Проектот опфаќаше изградба на улица во село Ѕвегор, како дел од патеката која е долга 720 метри, соопштија од општината.

Делчево, 12 ноември 2021 (МИА) - Заврши доизградба на дел од велосипедската патека Делчево-Илин Камен. Проектот опфаќаше изградба на улица во село Ѕвегор, како дел од патеката која е долга 720 метри, соопштија од општината.
- Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од Министерство за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој, а во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој, проект за развој на подрачјата со специфични развојни потреби. Висината на инвестицијата е 4,9 милони денари со вклучен ДДВ. Од Бирото за рамномерен регионален развој се обезбедени 3,5 милиони денари. Градежните работи ги изведуваше фирмата СД Транс, посочија од општината.

Градоначалникот Горан Трајковски, кој изврши увид во градежните работи истакна дека реализацијата на овој проект е во насока на промоција на природниот раритет Илин Камен кој е во непосредна близина на Ѕвегор, зголемување на потенцијалите и содржините на туризмот во Делчево, како и промоција на велосипедизмот и рекреативното пешачење.
Со оваа инвестиција e реализиран и вториот дел од велосипедската патека која поминува низ село Ѕвегор.вс/фф/