• петок, 05 декември 2025

Заврши гласањето на болните и изнемоштени лица во Општина Пробиштип

Заврши гласањето на болните и изнемоштени лица во Општина Пробиштип

Пробиштип, 1 ноември 2025 (МИА) – Заврши гласањето на болни и изнемоштени лица во Општина Пробиштип. Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Пробиштип, Јорданчо Димитриев за МИА вели дека од 263 пријавени болни и изнемоштени лица денеска своето право на глас го оствариле 255 лица, а осум не го оствариле, бидејќи четворица заминале на болничко лекување, еден избирач починал, а тројца не можеле да си ги најдат личните документи.

Во Општина Пробиштип утре ќе се спроведе вториот круг на Локалните избори,  избирачите ќе бираат меѓу двајца кандидати за градоначалник. Во Општина Пробиштип има 45 Избирачки места, на кои правото на глас можат да го остварат 12.251 избирач. вдј/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан