Заврши асфалтирањето и поставувањето сигнализација од Ќафасан до истоимениот граничен премин на албанска страна
- Заврши поставувањето нов асфалт и потребна хоризонтална и вертикална сигнализација на делницата од Ќафасан до истоимениот граничен премин на албанско - македонската граница.
Дебар, 7 август 2025 (МИА) - Заврши поставувањето нов асфалт и потребна хоризонтална и вертикална сигнализација на делницата од Ќафасан до истоимениот граничен премин на албанско - македонската граница.
Делницата е во должина од 3 километри и е дел од патниот правец ГП "Ќафасан-Елбасан", во должина од 52 километри на кој во тек се работите за целосна реконструкција и проширување.
Веста ја објави премиерот Еди Рама, со фотографии од коловозот, оценувајќи дека во многу се олеснува сообраќајот и се зголемува безбедноста.

"На делницата Ќафасан - ГП "Ќафасан" финализирани се работите на поставување нов асфалтен слој и хоризонтална и вертикалната сигнализација. Интервенцијата го олеснува сообраќајот на возилата и ја зголемува безбедноста во оваа област, каде што поминуваат возила, вклучително и оние од меѓународниот транспорт“, пишува Рама.
Според медиумите оваа инвестиција доаѓа во време кога "протокот на возила во овој сегмент се зголемува, со оглед на неговата стратешка важност за поврзување на Албанија со Македонија и пошироко". вт/сст/
Фото: Рама ФБ