Завршен „најтенкиот облакодер“ на светот
- Сместена на адреса „111 вест 57. стрит“, станбената кула „Стејнвеј тауер“ „го сече небото“ со, според многумина - неверојатен висина-ширина сооднос од 24 спрема еден.

Њујорк, 14 ноември 2022 (МИА) - Како „најтенкиот облакодер“ на светот, најновата кула во Њујорк сѐ уште „го тресе“ Менхетн. Сместена на адреса „111 вест 57. стрит“, станбената кула „Стејнвеј тауер“ „го сече небото“ со, според многумина - неверојатен висина-ширина сооднос од 24 спрема еден.
