• петок, 22 ноември 2024

Завршен настан од проектот „Работа со ромскиот културно едукативен центар Тернипе МК“ во Делчево

Завршен настан од проектот „Работа со ромскиот културно едукативен центар Тернипе МК“ во Делчево
Делчево, 7 октомври 2022 (МИА) - Во Делчево се одржа завршен настан од проектот „Работа со ромскиот културно едукативен центар Тернипе МК“. Настанот заврши со богата културно-уметничка програма во којa, како што истакна кореографот Зенил Реџепов беа опфатени повеќе сегменти од самиот проект. -Во рамки на завршниот настан имавме интересни моменти и сегменти за оваа културно-уметничка програма како презентација на народни носии, народни инстументи карактеристични за нашето поднебје, презентација на млади музички таленти итн. Меѓу другото доделивме пофалници, благодарници и плакети наменети за сите стручни лица кои работеа, за учесниците, овде се поканети сите учесници, партнерските организации, покровителите и огромна благодарност до Министерството за култура кое ги поддржа сите активности на невладината Тернипе МК, рече Реџепов. Соња Мавордиева Георгиевска, претседател на Културно-уметничкото друштво  „Гоце Делчев“ кој беше активен учесник во проектот истакна дека соработката со „Тернипе МК“ ќе продолжи и во иднина. -Знаете дека заеднички споделуваме многу работилници, многу проекти, во интерес на споделување и зачувување на македонската култура и традиција, народните обичаи и верувања што се на нашето поднебје. Така градиме еден убав соживот, кој трае со години и се надевам ќе продолжи. Општина Делчево нека биде пример како треба да функционираме сите заедно и да ја зачувуваме нашата традиција, а Тернипе МК и КУД „Гоце Делчев“ ќе продолжат да сoработуваат и понатаму, рече Мавродиева Георгиевска. Тернипе МК проектот го реализира во соработка со КУД „Гоце Делчев“ Делчево и Општина Делчево со поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија. вс/аа/

Остани поврзан