• вторник, 24 декември 2024

Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид ќе одбележи 40 години постоење

Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид ќе одбележи 40 години постоење
Охрид, 23 септември 2022 (МИА) - Со помош на донации е променета дограмата на поголем дел од ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид. Се работи за одделот за рехабилитација, болничкиот и амбулантно поликлиничкиот оддел, а делумно е реновирано и едно крило во одделот за рехабилитација. Како што информираат од Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид, посебно важна е инвестицијата што се однесува на одделот за интензивно лекување и салата за интервентна кардиологија. -Во тек на последниве два месеца беше комплетно променет електростатскиот под, сменета електричната инсталција и реновирани тоалетите во овој простор кој претставува срцето на нашата дејност, каде секојдневно се водат битки за нечиј живот, соопштија од Болницата. Во тек е монтирање на новиот ангиограф добиен преку Министерството за здравство. Од Болницата го најавија одбележувањето на нивниот четиридецениски јубилеј, што ќе се одржи на 29 септември 2022 година во Катедралната црква „Света Софија“, кога се одбележува и Светскиот ден на срцето. За одбележувањето на јубилејот, како што се наведува, нема да биде потрошен ниту еден денар од здравствениот буџет. мд/са/

Остани поврзан