Забранета апликација слична на Ватс-ап поради непочитување на приватноста
- Програмата „Тоток“ стекна огромна популарност во Обединетите Арапски Емирати, со обѕир на што Ватс-ап и Скајп се блокирани во оваа земја. Се чинеше како добра алтернатива, па ги надмина очеку

Абу Даби, 17 февруари 2020 (МИА) - Уште една апликација за допишување, замислена како конкуренција на Ватс-ап, е официјално недостапна за преземање за ИОС и за Андроид. Се работи за наводна шпионажа, односно непочитување на приватноста на корисниците.
Програмата „Тоток“ стекна огромна популарност во Обединетите Арапски Емирати, со обѕир на што Ватс-ап и Скајп се блокирани во оваа земја. Се чинеше како добра алтернатива, па ги надмина очекувањата, наметнувајќи се во повеќе земји.
Причината за забраната е кршење на правилата. Подробности засега, не се соопштуваат. си/