• четврток, 23 јануари 2025

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила поради снег и на патот Битола - Ресен и Ресен - Охрид

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила поради снег и на патот Битола - Ресен и Ресен - Охрид

Скопје, 23 декември 2024 (МИА) - Поради врнежи од снег на патниот правец Битола - Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Од 14: 00 часот поради врнежи од снег на патниот правец Ресен - Охрид преку планинскиот превој Буково се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Претходно од АМСМ информираа дека е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила и на патните правци Дебар - Маврово, Тетово - Попова - Шапка и Гостивар - Кичево преку планинскиот превој Стража.

Од АМСМ информираат дека од 11:55 часот е воведена забраната за движење на товарни моторни возила на патниот правец Дебар - Маврово.

Од 12:15 часот поради врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Од 12: 15 часот поради врнежи од снег на патниот правец Гостивар - Кичево преку планинскиот превој Стража се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила. цр/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан