Забрана за движење товарни моторни возила на патиштата Дебар - Маврово, Тетово – Попова Шапка и Гостивар - Кичево преку Стража
- АМСМ информира дека од 11:55 часот воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патниот правец Дебар - Маврово.

Скопје, 23 декември 2024 (МИА) - Од АМСМ информираат дека од 11:55 часот воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патниот правец Дебар - Маврово.
Од 12:15 часот поради врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Од 12: 15 часот поради врнежи од снег на патниот правец Гостивар - Кичево преку планинскиот превој Стража се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.цр/
Фото: МИА архива