• сабота, 11 мај 2024

Забележителни резултати за македонските натпреварувачи на коњички турнир во Нови Сад

Забележителни резултати за македонските натпреварувачи на коњички турнир во Нови Сад
Скопје, 19 октомври 2022 (МИА) - Македонските натпреварувачи од  коњичките клубови Илинден и Бравадос остварија забележителни резултати на Меѓународниот Октомвриски турнир и Отвореното Лига првенство на Војводина во Нови Сад од 14 -16 октомври. Петар Милошевски од Бравадос освои две први местa во категорија Јуниори Меланија Атанасовска од Илинден освои второ место во категорија Јуниори Силја Дуковска од Илинден освои прво место во категорија Деца Цветанка Георгиев од Бравадос имаше успешно завршени два паркура во категорија Амазонки Горјан Атанасовски од Илинден имаше успешно завршени два паркура во кетегорја Дебитанти. зс/

Остани поврзан