• понеделник, 23 декември 2024

ЖРК Ѓорче Петров против шведски Хорс во плејофот за Лига Европа

ЖРК Ѓорче Петров против шведски Хорс во плејофот за Лига Европа

Скопје, 16 јули 2024 (МИА) – Македонскиот женски ракометен шампион, тимот на Ѓорче Петров, го доби шведски Хорс за противник во баражот за пласман во ЕХФ Европската лига.

Првиот натпревар ќе се одигра на 5/6 октомври, реваншот на 12/13 октомври.

На денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ во Виена, ривали добија и другите македонски екипи во женска конкуренција.

Тимот на Металург Автокоманда за противник во ЕХФ купот го доби претставникот на Турција, Гореле.

Чаир во истото натпреварување ќе се соочи со Керженг од Луксембург.

Првите натпревари ќе се играат на 5/6 октомври годинава, реваншите се седум дена подоцна. зс/

Фото: Фејсбук ЖРК Ѓорче Петров

Остани поврзан