ЖРК Ѓорче Петров пред пласман во осминафиналето на ЕХФ купот
- Македонскиот женски ракометен шампион, Ѓорче Петров попладнево забележа убедлива победа со 46:39 на гостински терен против белгиски Јупен во првиот натпревар од 1/16финалната пресметка во ЕХФ купот.

Јупен 12 ноември 2023 (МИА) - Македонскиот женски ракометен шампион, Ѓорче Петров попладнево забележа убедлива победа со 46:39 на гостински терен против белгиски Јупен во првиот натпревар од 1/16финалната пресметка во ЕХФ купот.
Извонредно ефикасно одиграа македонските ракометаки постигнувајќи по 23 гола во двете полувремиња. Најефикасни во победничката екипа беа Анастасија Николовска со 11 и Ана Марија Коларовска со 10 голови.
На голот со 10 одбрани се истакна Слободанка Кическа
Реваншот ќе се игра следниот викенд во Скопје. зс/
Фото: Фејсбук