• четврток, 04 декември 2025

Жоргињо ќе му се приклучи на Фламенго пред Светското клупско првенство

Жоргињо ќе му се приклучи на Фламенго пред Светското клупско првенство

Лондон, 20 мај 2025 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо ќе учествува на Светското клупско првенство, пренесува Фабрицио Романо.

Претходно беше објавено дека 33-годишниот играч од средниот ред кариерата ќе ја продолжи во бразилскиот клуб. Според Романо, Жоргињо договорил трансфер со Арсенал пред почетокот на Светското клупско првенство кое ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули.

Жоргињо му се приклучи на Арсенал од Челзи во јануари 2023 година. 

Оваа сезона фудбалерот одигра 27 натпревари на сите турнири и постигна еден гол.

На Светското клупско првенство во САД, ќе настапат 32 екипи, Фламенго е во Д-групата заедно со Есперанс (Тунис), Челзи (Англија) и Леон (Мексико). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан