ЖОК Пелистер Волеј со хуманитарна мисија
- Натпреварот од 4.коло од Првата лига жени што ќе се игра утре (сабота-1.ноември) меѓу Пелистер Волеј и Младост УГД во салата „Боро Чурлевски“ во Битола ќе биде од хуманитарен карактер
Битола, 31.октомври 2025 (МИА) - Натпреварот од 4.коло од Првата лига жени што ќе се игра утре (сабота-1.ноември) меѓу Пелистер Волеј и Младост УГД во салата „Боро Чурлевски“ во Битола ќе биде од хуманитарен карактер.
Во знак на сеќавање и почит кон прерано починатата кошаркарска и спортска легенда на Битола, Зоран Петковски – Петкото, клубот донесе одлука сите средства од продажбата на влезниците за овој натпревар да бидат донирани на семејството Петковски како симболичен чин на солидарност.
Билетите се по симболична цена од 100 денари, а клубот ќе постави и два пункта за донации во салата „Боро Чурлевски“.
„Хуманоста нема цена! Дојди, донирај – помогни“ – е пораката која ОК Пелистер Волеј ја испраќа до своите поддржувачи и сограѓани. Почетокот на натпреварот е во 17 часот. мн/
Фото: Фејсбук ОК Пелистер Волеј