Жител на Струшко нападнат од поранешната сопруга
- Жител од струшко бил физички нападнат од поранешната сопруга, соопшти денеска СВР Охрид.

Струга, 5 јануари 2024 (МИА) - Жител од струшко бил физички нападнат од поранешната сопруга, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, синоќа, во 21 часот и 30 минути, во ОВР Струга било пријавено дека, А.А.(36) од струшко село, во својот дом, бил физички нападнат од неговата поранешна сопруга со метален и остар предмет.
По целосно расчистување и документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. сс/цр
Фото: МИА архива