• петок, 22 ноември 2024

Жители од Центар Жупа лишени од слобода поради насилство и спречување полициски службеник при вршење службено дејствие

Жители од Центар Жупа лишени од слобода поради насилство и спречување полициски службеник при вршење службено дејствие
Дебар, 29 декември 2020 (МИА) – Четворица жители од општина Центар Жупа, која со својата активност ја покрива Одделението за внатрешни работи, се лошени од слобода, меѓу другото и за спречување полициски службеник при вршење службено дејствие. -Поради нарушување на јавниот ред и мир, извршено насилство, тепачка и спречување на полициски службеник при вршење службено дејствие, случено на вчера во општина Центар Жупа, полициски службеници од ОВР Дебар, од слобода ги лишија А.А.(38), А.Ф.(36), Д.Ф.(49) и С.Ф.(26), сите од општина Центар Жупа, информираше Стефан Димоски портпарол на секторот за внатрешни работи-Охрид. Димоски додава дека тие на локален пат во Центар Жупа почнале вербална расправија, а потоа и физичка пресметка, која се обидел да ја спречи полициски службеник од полициската канцеларија во Центар Жупа. -Полцискиот службеник бил нападнат при што се здобил со телесни повреди. По целосно документирање на настанот, ОВР Дебар ќе поднесе соодветни пријави, рече Димоски. Тој нформраше дека според статистичките податоци на ОВР Дебар, во изминатото деноноќие, на подрачјето на двете општни полициските службеници констатирале шест прекршоци за неносење лична заштита на лицето. Ним им се издадени прекршочни платни налози за за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.вт/бт/

Остани поврзан