• петок, 05 декември 2025

Жителите на неготинско Курија добија нова асфалтирана улица

Жителите на неготинско Курија добија нова асфалтирана улица
Неготино, 6 јуни 2022 (МИА) - Жителите на селото Курија добија нова асфалтирана улица, информираа денеска од неготинската локална самоуправа. - На задоволство на месното население од село Курија, како и други граѓани кои транзитираат во тој реон, извршен е технички прием и во функција е ставена новоасфалтираната улица во селото, во должина од 531 метри. Улицата е изградена според сите пропишани стандарди и истата ќе обезбеди побезбедно одвивање на сообраќајот и движење на пешаците на овој потег, полесен и побезбеден пристап до земјоделските површини, транспорт на земјоделски производи и други стоки, соопштија од локалната самоуправа. Средства за комплетна изградба на улицата се обезбедени од општината преку договорот за грант со Министерството за финансии. - Станува збор за грант во висина од 3.695.970 денари, кој е доделен за успешно спроведен под-заем проект MSIP2-SIG-NCB-037-22, преку проектната единица на Министерство за финансии и МСИП2 проектот за подобрување на општинските услги, а со финансиска поддршка од Светска банка. При реализацијата на овој проект, Општината обезбеди дополнителни средства за кофинансирање од општинскиот буџет, информираа од Локална самоуправа Неготино.свд/фф/

Остани поврзан