• четврток, 14 ноември 2024

Женската убавина пред 100 години

Женската убавина пред 100 години
Лос Анџелес, 2 септември 2020 (МИА)На почетокот на 20 век немало ни пластични операции, ни фотошоп, а поимот за женска убавина од тоа време изгледа сосем поразлично од соремените глумици, пејачки и модели. Следуваат 10 слики стари околу 100 години, коишто ја доловуваат чистата убавина на жените кои живееле пред еден век... 10. Мерион Дејвис - американска филмска актерка, продуцентка, сценарист и филантроп. 9. Елизабет Рисдон - англиска глумица која се појавила во над 140 филмови меѓу 1913 и 1952 година.   8. Аида Овертон Вокер - афроамериканска сценска изведувачка, глумица, пејачка, танчерка, кореограф - кралицата на „Кејквок“ танцот. 7. Изобел Елсом - англиска филмска, театарска и телевизиска глумица. 6. Лија де Пути - унгарска актерка позната по своите „наивни“, „невини“, ненаметливи, а сепак впечатливи улоги... 5. Камил Клифорд - белгиско-американска театарска глумица и најпознат модел за илустрациите на „Девојчето Гибсон“. 4. Жозефин Бејкер - француска забавувачка родена во САД; активистка, деец на францускиот Отпор во Втората светска војна; нарекувана е „црн бисер“, „бронзена венера“ и -„креолската божица“. 3. Ана Меј Вонг - првата кинеско-американска филмска ѕвезда 2. Анет Келерман - австралиска професионална пливачка, сценска уметничка и филмска ѕвезда, овде во нејзиниот препознатлив костим за капење... 1. Евелин Несбит - супермоделка на раната мода, уметница, секс-симбол и една од првите „постер-девојки“.   си/ссм/

Остани поврзан