• понеделник, 23 декември 2024

Жените жртви на Вајнстајн со поддршка за кандидатурата на Ланг

Жените жртви на Вајнстајн со поддршка за кандидатурата на Ланг
Њујорк, 17 ноември 2020 (МИА) – Групата жени жртви на злоставување од страна на американскиот филмски продуцент Харви Вајнстајн, ја поддржаа кандидатурата на Луси Ланг за окружна обвинителка на Менхетн. Ланг има поддршка од актерките Розана Аркет, Луиз Годбол, Кетрин Кендал, Кејтлин Далејни и Џесика Ман. Ланг, е една од неколкуте кандидатки кои се борат да станат прва жена обвинител на Менхетн, поддршката од групата ја оцени како „неверојатна чест“. Примарните избори се закажани во јуни следаната година, а актуелниот окружен обвинител Сајрус Р. Венс се уште не се има изјаснето дали ќе бара четврти мандат. Ланг 12 години беше помошничка на окружниот обвинител на Менхетн, а во 2018 година стана директор на Институтот за иновации во обвинителството на Колеџот Џон Џеј. Венс во 2015 година првично одби да го гони Вајнстајн откако една манакенка го обвини дека ја допирал, со образложение дека нема доволно докази. Вајстајн годинава е осуден на 23 години затвор поради силување и сексуално злоставување. Тој исто така одби кривично да го гони поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд, Доминик Строс-Кан откако собарка го обвини за обид за силување. Венс беше критикувани и поради тоа што на почетокот не побара Џефри Епстајн да биде класифициран како сексуален престапник на највисоко ниво. ми/

Остани поврзан