• недела, 01 декември 2024

Женг прва финалистка на завршниот ВТА турнир

Женг прва финалистка на завршниот ВТА турнир


Ријад, 8 ноември 2024 (МИА) – Актуелната олимписка шампионка, кинеската тенисерка Кинвен Женг, е првата финалистка на завршниот ВТА турнир во Ријад, откако во полуфиналето вечерва ја совлада шампионската од Вимблдон Барбора Крејчикова од Чешка со 6-3, 7-5.
Дуелот траеше еден час и 41 минута.
Женг, која е седма тенисерка во светот, четири пати го освои сервисот на чешката тенисерка, додека Крејчикова освои два брејка.
Противник на Женг во финалето ќе биде победничката од дуелот меѓу тенисерката број еден во светот Арина Сабаленка од Белорусија и третата светска тенисерка Американката Коко Гоф. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан