Ејвори Бредли ќе потпише двегодишен договор со Мајами
- Кошаркарот Ејвори Бредли преговараше за двегодишен договор од 11,6 милиони долари со Мајами, објави „ The Athletic“.
Мајами, 22 ноември 2020 (МИА) – Кошаркарот Ејвори Бредли преговараше за двегодишен договор од 11,6 милиони долари со Мајами, објави „ The Athletic“.
Поранешниот играч на Лејкерс претходно се откажа од пет милиони долари опција за продолжување на сезоната 2020/21 и стана неограничен слободен играч.
Минатата сезона Бредли бележеше просечно 8,6 поени, 2,3 скока и 1,3 асистенции за Лејкерси по натпревар.
Кошаркарот стана шампион во НБА, иако не учествуваше во рестартирањето на сезоната од семејни причини. зс/