• петок, 22 ноември 2024

ЕХФ Еуро 2022: Формирани полуфиналните двојки

ЕХФ Еуро 2022: Формирани полуфиналните двојки
Скопје, 17 ноември 2022 (МИА) – Со одигрувањето на натпреварите од последното коло во Главната руна во двете групи на Европското ракометно првенство за жени, познати се двојките за полуфиналето и за мечот за петтото место. Во првото полуфинале утре ќе се соочат Данска и Црна Гора, почетокот на натпреварот е во 17:45 часот. Од 20:30 часот на распоредот е второто полуфинале во кое пласман обезбедија Норвешка и Франција. Претходно, од 15 часот во мечот за 5. место ќе играа Шведска и Холандија. Пласман од 7. – 16. место: Германија, Словенија, Шпанија, Хрватска, Унгарија, Романија, Полска, Швајцарија, Србија, Македонија. Завршницата на Еуро 2022 се игра во Љубљана. зс/

Остани поврзан