ЕУ ја отфрли одлуката на Иран да ги стави војските на земјите членки на списокот на терористички организации
- Европската Унија ја отфрли денеска одлуката на Иран да ги стави војските на земјите членки на списокот на терористички групи како одговор на ставањето на Исламската револуционерна гарда на списокот на терористички организации од страна на ЕУ.
Брисел, 2 февруари 2026 (МИА) - Европската Унија ја отфрли денеска одлуката на Иран да ги стави војските на земјите членки на списокот на терористички групи како одговор на ставањето на Исламската револуционерна гарда на списокот на терористички организации од страна на ЕУ.
„Ги отфрламе ставањето на војските на ЕУ на списокот и обвинувањата за тероризам“, изјави портпаролот на Европската комисија, Анвар ал-Ануни.
Претходно, претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, откога ЕУ ја прогласи иранската паравоена Револуционерна гарда за терористичка организација поради насилно задушување на протестите во Иран, изјави дека Иран сега ги смета сите трупи на Европската Унија за терористички групи.
Тој оцени дека ЕУ „си пукала во нога“ и дека, според него, Гардата ја нарекла терористичка група „од слепа послушност“ кон САД. рп/ми/
Фото: ЕПА