• петок, 22 ноември 2024

ЕУ: Да се почитува одлуката на судот и да се промовира помирување на Балканот

ЕУ: Да се почитува одлуката на судот и да се промовира помирување на Балканот
Брисел, 8 јуни 2021 (МИА) - Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји оценија дека денеска изречената пресуда во Хаг против поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ ќе „придонесе за излекување на сите кои страдале“. Во заедничкото соопштение, двајцата дипломати потсетуваат на жртвите и порачаа дека сочувствуваат со нивните семејства и преживеаните. Тие нагласија дека ЕУ очекува од сите политички актери во регионот да покажат целосна соработка со меѓународните судови, да ги почитуваат нивните одлуки и да ја признаат нивната независност и непристрасност. - Негирањето на геноцидот, ревизионизмот и воздигнувањето на воените злосторници се спротивни на најосновните европски вредности. Денешната одлука е можност лидерите во БиХ и во регионот, имајќи ги предвид фактите, први да им оддадат почит на жртвите и да промовираат добро тло за помирување, со цел да го надминат наследството од војната и да изградат траен мир, се наведува во соопштението. гт/

Остани поврзан