• недела, 05 мај 2024

Еуро 2022 за ракометарки продолжува со две групи во Главната рунда

Еуро 2022 за ракометарки продолжува со две групи во Главната рунда
Скопје, 10 ноември 2022 (МИА) – Женското ракометно Европско првенство продолжува денес со два натпревара од Групата-1 која ќе се игра во Љубљана. Од 18 часот играат Хрватска и Словенија, додека од 20:30 часот се среќаваат Унгарија и Данска. Во Групата се и селекциите на Норвешка и Шведска кои ќе се соочат на 12 ноември. Од групната фаза Норвешка пренесе 4 бода, Шведска, Данска, Хрватска и Словенија по 2, Унгарија 0. Македонската престолнина Скопје ќе биде домаќин на Групата-2. Франција и Црна Гора пренесоа по 4 бода од групната фаза, Холандија и Шпанија по 2, Германија и Романија ќе стартуваат од 0. Двојки за утре: Холандија – Германија (18 часот) Романија – Шпанија (20:30). зс/

Остани поврзан