• петок, 05 декември 2025

Еурофарм Пелистер со победа ги почна подготовките

Еурофарм Пелистер со победа ги почна подготовките

Златибор, 7.август 2025 (МИА) - Ракометарите на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер со победа ги почнаа подготовките за новата сезона. Тие денеска на првата контрола ја совладаа екипата на Мешков Брест со 30:29 полувреме 16:13.

Ова за битолчани беше воедно и прв натпревар под водство на новиот тренер Рубен Гарабаја.

Еурофарм Пелистер по завршувањето на подготовките на Златибор ќе учествува и на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид, а ќе биде и дел од регионалниот турнир во Скопје кон крајот на месецов.

Првиот официјален натпревар за Еурофарм Пелистер ќе биде дуелот од Супер купот на Македонија против Вардар на 3.септември.   мн/

Фото: Фејсбук РК Еурофарм Пелистер

Остани поврзан