• петок, 22 ноември 2024

Еурофарм Пелистер го пречекува ПСЖ во полна сала

Еурофарм Пелистер го пречекува ПСЖ во полна сала

 

Битола, 13 февруари 2024 (МИА) – Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер во полна сала ќе го пречека француски ПСЖ, откако битолскиот клуб соопшти попладнево дека сите влезници за натпреварот од 11. коло во групата А во Лигата на шампиони се продадени.

- Спортската сала „Боро Чурлевски“ повторно е целосно распродадена“, соопшти Еурофарм Пелистер пред утрешниот дуел против ПСЖ со почеток во 18:45 часот.

Еурофарм Пелистер го пречекува францускиот гигант по неделниот триумф на домашен терен над Вардар 1961 (27-21) во големото македонско дерби на кое трибините во салата во Битола, исто така, беа максимално исполнети.

Македонскиот претставник во ракометната Лига на шампиони е последнопласиран во групата А, без освоен под по десет одиграни кола. ег ФОТО: РК Еурофарм Пелистер/Фејсбук

Остани поврзан