• понеделник, 23 декември 2024

Етнолошка изложба во Куманово „Препознатливост на албанската носија“

Етнолошка изложба во Куманово „Препознатливост на албанската носија“
Куманово, 22 ноември 2022 (МИА) - Препознатливост на албанската носија“ е насловена етнолошката изложба која ќе биде отворена вечерва во Уметничката Галерија Куманово со почеток во 19.30 часот. Присутните ќе имаат можност да разгледаат експонати на женската и машката албанска носија од почетокот на 20-тиот век од кумановскиот регион.
Валентина Илијевска, виш кустос од НУ Музеј Куманово рече дека изложбата ја презентира материјалната култура преку облекови елементи. - Преку презентирање на материјална култура сакаме да покажеме дека носијата е многу важна за народот кој на тој начин цврсто се држи до корените, потеклото, едно богатство, изработено од вештите раце на албанската жена. Скутините се ткаенини на разбој како и кошулите, изјави Илијевска.
На изложбата работеа и Фериане Исени, како и Валентина Андреиќ, виш кустос од НУ Музеј Куманово и Земиље Ебиби, моден дизајнер, професор на текстилно-кожарската струка во СОУ „Перо Наков“.
Преку овие модни рефлексии целта е да направи мал историски пресек, од модните изрази и украсот кај Албанците доловувајќи ја есенцијата на животот, општествените прилики во минатата и сегашноста. Присутните на вечерашнава изложба ќе разгледаат околу 30-тина експонати. - Носиите рачно се изработени, доминираат белата, црвената боја има и зелени шари. Некои од нив се изработени со филигран, посветено е внимание на елечето, на крагните, се користи срма што ја отсликува умешноста на албанската жена, кажа Исени. НУ Музеј на овој начин го одбележува Денот на албанската азбука. Изложбата ќе биде презентирана наредните денови и ќе биде отворена за сите посетители. ам/сст/

Остани поврзан