• понеделник, 23 декември 2024

Естонија бара нови санкции против Русија

Естонија бара нови санкции против Русија
Талин, 22 август 2022 (МИА) - Естонскиот министер за надворешни работи Урмас Реинсалу денеска повика на нови санкции против Русија поради војната со Украина, јави ДПА. „Треба нагло да ја подигнеме цената на агресијата за агресорот пред зимата. Седмиот пакет санкции досега не изврши доволен притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја запре војната во Украина“, изјави Реинсалу за Естонското радио. Новиот пакет санкции предложен од Естонија вклучува сеопфатно енергетско ембарго, дополнителни ограничувања за трговијата и поединците и забрана за посета на руски државјани во ЕУ. Владата во Талин минатата недела достави до Европската комисија официјален предлог за осми пакет санкции. „Естонија веќе го ограничи издавањето визи за Русите и сега ја повикува Европската унија да престане да издава визи за руските граѓани. Некој мора да го направи првиот чекор, се надеваме дека може да се постигне паневропски договор во некоја форма“, рече Реинсалу. паг/

Остани поврзан