• понеделник, 23 декември 2024

ЕСМ: ФЕ Осломеј 1 во Кичево е прва сончева електрана во Југоисточна Европа изградена врз стар рудник

ЕСМ: ФЕ Осломеј 1 во Кичево е прва сончева електрана во Југоисточна Европа изградена врз стар рудник
Скопје, 8 април 2022 Фотонапонската електрана (ФЕ) на АД ЕСМ изградена во кругот на РЕК Осломеј со моќност од 10 мегавати e прв пример на енергетска транзиција во Југоисточна Европа во кој електричната енергија ќе се произведува од сонце преку панели поставени врз стар, исцрпен рудник за јаглен. Фотонапонската електрана во Осломеј, која е пуштена во пробно производство, е прва во низата електрани кои треба целосно да го заменат досегашниот инсталиран капацитет на РЕК Осломеј. Крајната цел на овој проект е рударско-енергетскиот комбинат кој има инсталирана моќност од 120 мегавати да биде заменет со сончеви електрани со еднаква инсталирана моќност од 120 мегавати. Европската енергетска заедница го препорачува овој пример во други земји во регионот каде се спроведува енергетска транзиција. Фотонапонската електрана Осломеј 1 веќе ги дава првите киловати електрична енергија во системот и АД ЕСМ и официјалнио го прошири своето портфолио на обновливи извори, и сега покрај енергија од ветер произведуваме и електрична енергија од сонце. Вкупното годишно производство на ФЕ Осломеј 1 ќе изнесува 15-17 гигават часови, доволни за потребите на околу 2.800 домаќинства. ФЕ Осломеј 1 е во целосна сопственост на АД ЕСМ. Изградбата на електраната чинеше 7 милиони евра, од кои дел беа сопствени средства, а дел се кредитна линија од Европската банка за обнова и развој, кои со поволни услови поддржуваат инвестиции во обновливи извори. Проектот на транзиција продолжува со фотонапонска електрана Осломеј 2 од 10 мегавати која е во фаза на подготовка на документација и со подготвителни работи за почеток на изградбата на две електрани по 50 мегавати со јавно-приватно партнество со компаниите Соларпро-Бугарија и Фортекс-Турција. АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан