• понеделник, 23 декември 2024

ЕСМ: РЕК Битола ги следи и реализира еколошките процеси со многу побрза динамика во последните три години

ЕСМ: РЕК Битола ги следи и реализира еколошките процеси со многу побрза динамика во последните три години
Скопје, 25 февруари 2021 (МИА) - Од 2017 година, на РЕК Битола му е од исклучителна важност запазувањето на еколошките норми во работењето при производството на електрична енергија. За разлика од порано, комбинатот и АД ЕСМ во последните три години со забрзано темпо ги следат и реализираат бројните еколошки процеси за кои имаат преземено обврска и со кои треба државата да се прилагоди на високите европски стандарди за минимум емисии при произвидниот процес, наведуваат од АД ЕСМ. -Одлагалиштето за пепел во РЕК Битола од некогашните 33.000 м2 непокриена површина со пепел, сведено е на оптимален минимум само за дневно работење од околу 2.700 м2. Отворена е нова касета за одлагање на пепел, воведено е водено отпепелување, направени се капитални ремонти на сите три блока со кои се оптимизира работата, а со тоа се намалуваат емисиите, намалена е потрошувачката на мазут која во изминатата деценија достигала и до 33.000 тони дневно, за во последните години да падне и под 9.000 тони, се наведува во соопштението. Додаваат дека се набавени и еколошки автобуси за превоз на вработените во РЕК Битола, со што АД ЕСМ, како што посочуваат, е првата компанија која обезбеди превоз на еколошки погон (метан) за дел од вработените. -Во 2018 година направени се подготовките, а во 2019 поднесено е барањето до Министерството за животна средина за добивање А интегрирана еколошка дозвола за РЕК Битола, документ кој содржи редица насоки и обвраки како треба да тече производството за да бидат запазени еколошките стандарди, посочуваат од ЕСМ. Информираат дека претстојат значајни чекори за усвојување на еколошки стандарди во работењето на комбинатот, како што се реконструкција на електростатските филтри до 2023 година и десулфуризација до 2026 година за блоковите 2 и 3. Блок 1, ќе добие алтернативно гориво за производство. -Десулфуризацијата е голема инвестиција која заедно со филтрите достигнува вредности и од стотици милиони евра и потребно е време за реализација на истата. Од тие причини, на проектот се работи заеднички и со Владата на Р. Северна Македонија, меѓународни финансиски институции, а се разгледуваат и можности за грантови од земји членки на ЕУ, посочуваат во соопштението. Ги охрабруваат надлежните институции да продолжат со своите активности на редовни контроли и надзор врз еколошките стандарди при производството, бидејќи, како што велат, нивното достигнување и спроведување е определба и на АД ЕСМ и РЕК Битола. -Ние секојдневно ги подобруваме нашите стандарди на работење и доколку анализите укажат дека е потребно да се унапредат тековните мерки, истото ќе биде спроведено, се наведува во соопштението. мс/ац/

Остани поврзан