ЕСА објави нови фотографии од Марс
- Сателитот орбитира околу Марс од 2003 година, а во април испрати фотографии од огромната рамнина Утопија Планитија, која се наоѓа во поголемата област Утопија - на северната полутопка на Марс

Париз, 26 јули 2022 (МИА) - Орбитерот „Марс експрес“ којшто ѝ припаѓа на Европската вселенска агенција (ЕСА) објави нови фотографии од Марс.
Сателитот орбитира околу Марс од 2003 година, а во април испрати фотографии од огромната рамнина Утопија Планитија, која се наоѓа во поголемата област Утопија - на северната полутопка на „Црвената Планета“. Рамнината е двојно поголема од Земјината пустина Сахара и е претежно покриена со мраз.
