• четврток, 13 јуни 2024

Ернандез: Сакам да останам во Милан, благодарен сум на клубот

Ернандез: Сакам да останам во Милан, благодарен сум на клубот
Милано, 18 јуни 2020 (МИА) - Левиот бек на Милан, Тео Eрнандез изрази голема радост што е во клубот, а исто така беше категоричен дека сака да остане на „Сан Сиро“ и покрај интересот на Пари Сен Жермен за него. - После постигнатото во Алавеш, ова е мојата најдобра година досега. Морам да им се заблагодарам на Милан и Паоло Малдини. Никогаш не е лесно да се снајдеш во Реал Мадрид, а камоли да се пробиеш и да освоиш место во клуб како овој или дури и во Атлетико Мадрид, каде што пораснав. И во Реал Сосиедад не се справив добро. Сакам да му се заблагодарам на Милан затоа што тие покажаа верба во мене. Малдини верува во мене и јас сум навистина среќен овде. Возбуден сум што сум во Милано и решив да останам тука со „росонерите“. Јас имам четиригодишен договор и многу сум среќен овде, вели Тео. На прашањето за Златан Ибрахимовиќ, тој вели дека е фантастичен и многу позитивен соиграч. - Ибра е човек кој никогаш не сака да губи. Кога грешиме, тој секогаш врши притисок врз нас и бара максимален напор, изјави Ернандез за „Онда Черо“.

Тагови

Остани поврзан