• четврток, 14 ноември 2024

Ердоган: Турција е подготвена за соработка со талибанците

Ердоган: Турција е подготвена за соработка со талибанците
Анкара, 19 август 2021 (МИА) - Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган синоќа изјави дека Анкара ги поздравува умерените изјави на талибанските лидери и оти Анкара е подготвена за соработка со нив. - Турција е подготвена за секаков вид на соработка за мир во Авганистан, за благосостојба на нашите роднини во земјата и за заштита на интересите на Турција, изјави Ердоган во заедничкото интервју за Канал 7, Улке ТВ, 24 ТВ, ТВНЕТ и ТВ 360. Тој додаде дека военото присуство на Турција во Авганистан ќе ја зајакне новата администрација во Кабул на меѓународна сцена. - Без оглед на тоа кој е на власт, да се застане зад Авганистан во добри и лоши времиња е нешто што го бара братството, посочи Ердоган. ми/

Остани поврзан