• петок, 05 декември 2025

Ердоган: Самитот на НАТО ќе се одржи во Анкара во јули 2026 година.

Ердоган: Самитот на НАТО ќе се одржи во Анкара во јули 2026 година.

Анкара, 1 јули 2025 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ќе биде домаќин на следниот самит на лидерите на НАТО во 2026 година во главниот град Анкара.

„Се надеваме дека самитот на шефовите на држави и влади на НАТО во 2026 година ќе се одржи во Турција во јули. Ќе ги угостиме лидерите на НАТО во нашиот главен град, Анкара, и ќе подготвиме терен за многу важни одлуки“, рече турскиот лидер вчера во обраќањето до нацијата по владината седница, пренесе Анадолија.

Ердоган рече дека се задоволни од напредокот постигнат за кратко време во процесот на ослободување на Турција од терор.

-Се чини дека одредени елементи во нашата земја и во рамките на терористичката група ПКК спроведуваат саботажни напори насочени кон попречување на напредокот. Нашата земја нема да падне во стапици, додаде Ердоган.

Затворениот лидер на Курдистанската работничка партија (ПКК), Абдула Оџалан, во февруари повика на распуштање на ПКК и сите групи под нејзина контрола, повикувајќи на прекин на нивната повеќе од 40-годишна кампања на терор.

За време на својата 40-годишна кампања на терор против Турција, ПКК, која е на листата терористички организации од страна на Турција, САД и Европската Унија, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени и деца.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан