• петок, 05 декември 2025

Ердоган во разговор со Пезешкијан: Турција е подготвена да придонесе за враќање на нуклеарните преговори

Ердоган во разговор со Пезешкијан: Турција е подготвена да придонесе за враќање на нуклеарните преговори

Анкара, 16 јуни 2025 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во телефонски разговор со својот ирански колега Месуд Пезешкијан изјави дека Турција е подготвена да вложи напори за олеснување на продолжувањето на нуклеарните преговори, објави Дирекцијата за комуникации на турското претседателство.

Турскиот и иранскиот претседател разговараа за меѓународната ситуација, ситуацијата на Блискиот Исток и меѓусебната размена на удари меѓу Иран и Израел.

Во разговорот, Ердоган ја истакна важноста што Турција ја придава на мирот и стабилноста во регионот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан